Нова студија ја урна најголемата заблуда за коронавирусот
Студијата на авторот Емануаел Голдман, микробиолог од Универзитетот Рутгерс во САД, која е објавена во научното списание „Лансет“ покажала дека е малку веројатно дека човек ќе се зарази со коронавирусот ако дојде во контакт со површина на која претходно имало честички од вирусот, пренесува NPR.com.
Прскање на површините со алкохол и купувањето на дезинфекциски средства можеби е претерана реакција, сугерира новото истражување.
Студијата на авторот Емануаел Голдман, микробиолог од Универзитетот Рутгерс во САД, која е објавена во научното списание „Лансет“ покажала дека е малку веројатно дека човек ќе се зарази со коронавирусот ако дојде во контакт со површина на која претходно имало честички од вирусот, пренесува NPR.com.
– Во болниците се тестирани површини во близина на пациенти кои се болни од ковид-19 и на нив не е пронајдена заразна варијанта на вирусот – вели Голдман.
Според него, вирусната рибонуклеинска киселина (РНК) која е најдена всушност е „труп на вирусот“, тоа што останува кога вирусот ќе умре.
– Кога ќе се најде во околината, вирусот е многу слаб и многу брзо умира – објаснува Голдман.
Неговите заклучоци се во спротивност со сите студии кои од почетокот на пандемијата предупредуваа дека коронавирусот на одделни површини може да преживее и неколку дена. Се зборуваше за пренесување на вирусот кога инфицираното лице кашла или кива во близина на некоја површина, а потоа друго лице би можело да ја допре контаминираната површина и потоа очите, носот или устата.
Затоа толку важно беше сѐ редовно да се дезинфицира и да се носат ракавици. Сега научниците истакнуваат дека сите докази укажуваат дека вдишувањето на честичките на вирусот се главен преносител на заразата.
Од друга страна, се поставува прашањето колку постојаното дезинфицирање на кваките на вратата, пакетите и животните намирници со силни средства може да биде опасно.