📽️ НОВА СНИМКА, ПРЕТИ СЕ СПРЕЧКАЛ СО АГЕНТИ 11 ДЕНА ПРЕД УБИСТВОТО Им го скршил задното стоп-светло и плукнал кон нив
Видеото, објавено од дигиталниот медиум „The News Movement“, го прикажува Прети како им се обраќа со викање на агентите и удира по задното светло на нивното возило додека се оддалечувале низ улиците на Минеаполис. Неколку секунди подоцна, возилото застанува. Агентите излегуваат и го соборуваат Прети на земја. Инцидентот трае кратко.
Снимка од Минеаполис отвори нова линија на сомнеж околу убиството на Алекс Прети. Во јавноста излезе видео со жестока физичка конфронтација меѓу него и федерални агенти, снимена 11 дена пред тој да биде застрелан и убиен од агенти на Службата за имиграција и царини ИЦЕ.
Видеото, објавено од дигиталниот медиум „The News Movement“, го прикажува Прети како им се обраќа со викање на агентите и удира по задното светло на нивното возило додека се оддалечувале низ улиците на Минеаполис. Неколку секунди подоцна, возилото застанува. Агентите излегуваат и го соборуваат Прети на земја. Инцидентот трае кратко. Прети потоа станува на нозе.
На снимката се забележува дека Прети има пиштол во појасот. Не е јасно дали агентите го забележале оружјето. Тие не го разоружуваат. По краткиот судир, си заминуваат без апсење. Не е познато што точно се случило пред конфликтот, ниту што следувало веднаш потоа.
Семејството на Прети преку свој претставник потврди дека човекот на видеото навистина е Алекс Прети, објави Си-Ен-Ен. Снимката била направена на помалку од 3 километри од местото каде што Прети подоцна бил убиен.
Облеката што ја носи Прети на снимката, кафеава шапка, кафеава јакна, светол дуксер и беж панталони, речиси целосно се совпаѓа со облеката што ја носел на денот на убиството. „The News Movement“ наведе дека видеото е објавено по преглед на повеќе снимки од демонстранти и федерални агенти направени во градот во истиот период.
Alex Pretti spits on a federal agent and then kicks out his taillight in footage released by the BBC from 11 days before his death.pic.twitter.com/64hg4FXv1a
— Greg Price (@greg_price11) January 28, 2026
Адвокатот на семејството Прети, Стив Шлајхер, во изјава за Си-Ен-Ен порача дека ништо од претходните настани не може да го оправда убиството.
– Една недела пред Алекс да биде застрелан на улица, иако не претставуваше закана за никого, тој беше насилно нападнат од група агенти на ИЦЕ – изјави Шлајхер.
Министерството за внатрешна безбедност на САД соопшти дека го прегледува видеото.
Си-Ен-Ен претходно објави дека Прети, 37-годишен медицински техничар на единица за интензивна нега, имал и други средби со федерални агенти околу една недела пред смртта и дека им бил познат на федералните власти.
Според извори на Си-Ен-Ен, за време на еден од тие инциденти тој добил скршено ребро, откако бил претепан од група федерални полицајци додека протестирал против нивни обиди за приведување на други лица. Не е потврдено дали тој инцидент е истиот што е прикажан на видеото.
Министерството за здравство на САД во вторникот соопшти дека „нема евиденција за овој инцидент“.
Сведок од Минеаполис, Енди Ларсон, изјави за локалниот медиум „Сахан џурнал“ дека на 13 јануари видел демонстрант како го шутира задното светло на возило на ИЦЕ и бил соборен на земја за време на судир меѓу демонстранти, минувачи и федерални агенти.
– Беше навистина добар шут – рекол Ларсон.