Нова снимка од убиството на Џорџ Флојд: „Те молам немој да ме застрелаш“

Медиумот не соопшти како ги добил снимките од полициските камери, а адвокатот на семејството Флојд соопштил дека на видеото се гледа дека Флојд не претставува никаква закана.

923

Нови снимки се појавија од кобното апсење на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина на 25 мај годинава во САД.

Снимките ги објави лондонскиот „Daily Mail“, а тие се направени од телесните камери закачени на двајцата полицајци кои го апселе Флојд. Како што може да се забележи од видеото, исплашениот Флојд се бори за живот во задниот дел од автомобилот.






– Те молам немој да ме застрелаш, те молам – се слуша како вели исплашениот Флојд.

Медиумот не соопшти како ги добил снимките од полициските камери, а адвокатот на семејството Флојд соопштил дека на видеото се гледа дека Флојд не претставува никаква закана.

Инаку, сега веќе поранешниот полицаец Дерек Човин е обцинет за убиство од втор степен, а уште тројца полицајци кои учествувале во приведувањето исто така се уапсени и обвинети за помагање во убиство од втор степен.

Поврзани содржини