📽️ НОВА СНИМКА ОД КОНЦЕРТОТ, ЦЕЦА ГО ВЕЕ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ?! Српските медиуми ја правдаат пејачката по инцидентот

Интересно е и тоа што, на новото видео Цеца пее обвиена со македонско знаме.

1,428

Нова снимка од концертот на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес се појави на социјалните мрежи. На снимката пишува „Цеца испратена со овации од публиката“.

Според српските медиуми, видеото докажува дека Цеца не била избркана од сопствениот концерт бидејќи претходно истата вечер, на огромен гнев од македонска публика и среде долгоминутни свирежи, вееше бугарско знаме кое ѝ го подаде непознато лице.






Интересно е и тоа што, на новото видео Цеца пее обвиена со македонско знаме.

 

Самата пејачката пред неколку дена реагираше дека била избркана од концертот.

„ЦЕЦА Е БУГАРКА, НЕЈЗИНОТО СЕЛО БЕШЕ ПОД ЕГЗАРХИЈАТА“ Стојанов од бугарската фондација се вмеша во дебатата за концертот

– Се ширеа лаги дека мојот концерт бил прекинат и дека сум насилно симната од сцената, дали е тоа вистина? Пеев повеќе од два и пол часа, мислам, со некои исклучоци, но има и такви што шират глупости. Да, се случи таа ситуација, и јас дадов изјава за тоа и тоа беше решено. Постојат полоши скандали за кои не ги вознемирувавте вашите колеги. Што се случи, луѓе? Јас доаѓам 40 години, никогаш во животот не сум имала провокативна изјава, а камоли за нешто друго. Луѓето навредуваат луѓе, ги навредуваат своите колеги… – вели Цеца.

Пејачката исто така нагласи дека немала намера да навреди никого веејќи го бугарското знаме.

 

Поврзани содржини