Нова руска вакцина против сите видови на ковид-19

Вакцината ќе може да се транспортира и чува на температура од +2 до +8 степени во течна форма, што го поедноставува процесот на транспорт.

969

Фабриката „Медсинтез“ од регионот Свердловск ја прави својата вакцина „Урал“ против коронавирусот, а ќе биде ефикасна во борбата против кој било вид на ковид-19, па дури и оние што можат да се појават во иднина, рече претседателот на Управниот одбор на „Медсинтез“ Александар Петров.

– Еволутивниот процес на вирусот беше земен во предвид, вакцината е направена на посебен начин. Тоа е целосно нова технологија, затоа е иновативна вакцина – рече Петров во четвртокот, нагласувајќи дека вакцината треба да биде хипоалергична.






Според него, вакцината е добиена со методот на генетски инженеринг, а за нејзиното производство не е потребен вирусен патоген и други компоненти и елементи поврзани со инфективниот патоген, пренесува „Спутник“.

Петров додава дека во тек се претклинички испитувања на вакцината „Урал“ врз глувци, по што „Медсинтез“ ќе започне со клинички испитувања.

Вакцината ќе може да се транспортира и чува на температура од +2 до +8 степени во течна форма, што го поедноставува процесот на транспорт.

Во август, Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за превенција од ковид-19, што ја изработи Центарот за научно истражување „Гамалеја“, потсетува „Спутник“.

Вакцината наречена „Спутник V“ се заснова на проучена и проверена платформа на хумани аденовирусни вектори, чии важни предности се безбедноста, ефикасноста и отсуството на долгорочни несакани ефекти.

Поврзани содржини