НОВА РУНДА АМЕРИКАНСКО-РУСКИ ПРЕГОВОРИ Песков не откри за што овојпат ќе се зборува во Истанбул

Првата американско-руска средба од почетокот на војната во Украина се случи на 18 февруари во Ријад, додека потоа, на 27 февруари дипломатите ги кршеа копјата во американскиот конзулат во Истанбул. Во март специјалниот пратеник Стив Виткоф ја посети Москва, додека рускиот преговарач Кирил Дмитриев се сретна со Виткфо во Вашингтон претходно овој месец.

198

Соединетите Држави и Русија утре во Истанбул ќе одржат нова рунда разговори, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не прецизирајќи на кои теми ќе разговараат делегациите.

Во преговорите ќе бидат вклучени и претставници на министерствата за надворешни работи на двете земји.






Првата американско-руска средба од почетокот на војната во Украина се случи на 18 февруари во Ријад, додека потоа, на 27 февруари дипломатите ги кршеа копјата во американскиот конзулат во Истанбул.

Дополнително, специјалниот пратеник на американскит претседател за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ја посети Москва, додека претходно овој месец, рускиот преговарач Кирил Дмитриев во Вашингтон се состана со Виткоф за да му пренесе пораки од рускиот лидер Владимир Путин.

САД и Русија ги обновија дипломатските врски по подолга пауза. Москва во март го назначи Александар Дарчиев за амбасадор во Вашингтон.

Поврзани содржини