НОВА ПРОВОКАЦИЈА НА СТОЈАНОВ Сменете го презимето на „ов“ или „ев“ и ќе добиете 300 евра

Од Македонците се бара да побараат промена на презимето и да го внесат во изводот на матична книга на родените а за начинот како ќе ги подигнат парите ќе треба да ја контактираат Фондацијата.

575

Бугарската фондација „Македонија“ на контроверзниот Виктор Стојанов објави повик на Фејсбук во кој бара македонските граѓани да го променат презимето на „ов“ или „ев“ за што ќе добијат 300 евра.

Од Македонците се бара да побараат промена на презимето и да го внесат во изводот на матична книга на родените а за начинот како ќе ги подигнат парите ќе треба да ја контактираат Фондацијата.






„Кампања за жителите на Северна Македонија со бугарско потекло: Вратете го вашето презиме во Ов/Ев и добијте 300 евра! Контактирајте ја Фондацијата Македонија“, пишува во објавата.

Стојанов поради неговото однесување во изминатиот период е прогласен за персона нон грата во земјава.

Поврзани содржини