НОВА ПРЕПОРАКА ЗА ТРЕТА ДОЗА Може да ја примат и лица под 60 години

Без оглед дали имаат или немаат хронични болести, доколку се под ризик поради фрекфенцијата на контакти, работното место итн, може да да се вакцинираат, вели министерот.

472

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција сподели дека се препорачува трета доза на вакцина против ковид-19 без оглед на возраста.

– Препораката од Комитетот за имунизација е освен лицата над 60 години трета доза вакцина да добијат и било кои други граѓани без оглед на возраста. Ова е препорака која ја следат сите други европски држави и САД – рече министерот.






Тој информираше дека вакцини има сосем доволно, 260.000 дози на „Фајзер“, 45.000 дози „Синовак“, 100.000 дози од „АстраЗенека“. Од петокот повеќе не функционира А1 Арена Борис Трајковски, така што сега функционираат седум вакцинални пункта низ државата.

Поврзани содржини