НОВА ПОТЕНЦИЈАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА НА „БАУМЕР“ Компанијата најави можност за проширување на производниот капацитет

37

Швајцарската компанија „Баумер“ која  произведува напредна сензорска технологија, енкодери, мерни инструменти од областа на електрониката  изрази можност да ги зголеми производните капацитети и да воведе нови технологии со што ќе се отворат и нови работни места во фабриката во ТИРЗ Скопје 1.

Ова на средба со директорот на дирекцијата на ТИРЗ Гоце Димовски го изјавила директорката на фабриката Баумер Соња Стефановска.






Таа, како што наведуваат во соопштението од дирекцијата, посочила дека според резултатите кои се постигнати од страна на компанијата во изминатиот период, постојат можности за потенцијално зголемување на производните капацитети и воведување на нови технологии со што ќе се отворат и нови работни места

Димовски, пак, дека дирекцијата за ТИРЗ ја поддржува секоја нова инвестиција која ќе донесе поголем економски раст за државата и ќе отвори нови работни места.

-Како институција активно работиме за уште поголем развој на постоечките компании во рамки на зоните, но и за нови потенцијални инвестиции кои дополнително ќе влијаат позитивно на националната економија. Оваа Влада, уште од самиот почеток како главни цели ги постави економскиот раст, новите инвестиции и новите работни места, а со досегашните резултати по повеќе од една година, верувам дека можеме уште повеќе – рекол Димовски.

Швајцарската компанија „Баумер“ е присутна со 39 подружници низ 19 земји од светот, а во Македонија е присутна од 2019 година, кога официјално го отвори производствениот капацитет во ТИРЗ Скопје 1, каде се наоѓа и истражувачкиот центар во кој работат инженери од областа на електрониката, информатиката и машинската технологија.

Поврзани содржини