НОВА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ Се претресуваат повеќе локации за лихварство и перење пари

Под раководство на обвинител од ОЈО за организиран криминал и корупција, МВР спроведува истовремени претреси во повеќе делови од главниот град.

1,151

Полициска акција се одвива денеска во Скопје, при што единици на Министерството за внатрешни работи спроведуваат претреси на 15 локации во рамките на истрага за лихварство и перење пари. Откриена е и во тек е сузбивање на силна криминална мрежа – група на лица и фирми кои переле пари и се занимавале со лихварство и останати незаконски активности.

Акцијата се изведува под раководство на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а претресите се извршуваат истовремено на неколку адреси во главниот град.






Од Обвинителството информираат дека станува збор за лица осомничени за сериозни финансиски злоупотреби.

– Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје. Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари. Повеќе детали ќе бидат споделени со јавноста по завршување на акцијата – велат од Обвинителството.

Според неофицијалните податоци се работи за околу 2 милиони евра, црни пари, кои биле внесувани во легалните финансиски текови и се купувало недвижен и подвижен имот.

Полицијата и конкретни јавни обвинители отвараат ново поглавје во битката против организираниот криминал, а државата конечно тргна кон најсветото на криминалците – нивното богатство, ваквите акции ни даваат надеж дека ќе се зададат силни удари по финансиските империи на криминалците и конечно ќе се запленат и одземат нивните добра.

Поврзани содржини