НОВА ПЕСНА ПО 28 ГОДИНИ Војната во Украина повторно ги обедини „Пинк Флојд“ (ВИДЕО)

Гилмор на својот Инстаграм пронашол снимка од пејач во воена униформа, со пушка префрлена преку рамото, како стои пред киевската катедрала Света Софија и ја пее „Oh, the Red Viburnum in the Meadow“.

677

Пред неколку недели, гитаристот и пејач на „Пинк Флојд“, Дејвид Гилмор беше прашан дали го видел видеото на Инстаграм од Андриј Кливњук, фронтмен на украинската рок група „БумБокс“ (BoomBox), пишува „Гардијан“.

Гилмор настапи во живо со „БумБокс“ во 2015 година, на хуманитарен концерт во Лондон за Белорускиот слободен театар. Свиреа краток сет од песни на „Пинк Флојд“ и соло песни на Гилмор, но настаните драматично се променија оттогаш.






Кон крајот на февруари, Кливњук ја напушти турнејата на „Бумбокс“ во САД за да оди во војна за да се бори против руската инвазија.

Гилмор на својот Инстаграм пронашол снимка од пејач во воена униформа, со пушка префрлена преку рамото, како стои пред киевската катедрала Света Софија и ја пее „Oh, the Red Viburnum in the Meadow“, протестната песна од 1914 година, чии стихови зборуваат за вооружени луѓе кои се бореле во Првата светска војна и во украинската војна за независност.

„Помислив: тоа е прилично магично и можеби можам да направам нешто во врска со тоа“, рекол Гилмор. „Имам голема платформа на која се градеше „Пинк Флојд“ сите овие години. Бев фрустриран од тоа што го видов и си помислив: „Што можам да направам?’

Резултатот од размислувањата на Гилмор била песната „Hey Hey, Rise Up!“, која „Пинк Флојд“ ја објави на својот канал на Јутјуб пред неколку часа.

Ова е првата песна што бендот ја објави по 28 години, а целиот приход од неа ќе биде наменет за украинската хуманитарна помош.

„Му се јавив на Ник и му реков: „Слушај, сакам да го направам ова за Украина. Би бил многу среќен ако и ти отсвириш некоја песна со мене и ја издадеме како „Пинк Флојд“. Тој беше апсолутно за тоа“, објасни Гилмор.

Бројни Украинци му се заблагодарија на бендот за поддршката во коментарите под видеото.

Поврзани содржини