🎥 НОВА ПЕСНА И СПОТ НА КАРОЛИНА ГОЧЕВА „Дај на сунце“ е снимена во Сараево

1,077

Македонската пејачка Каролина Гочева вечерва ја претстави својата нова песна „Дај на сунце“, проследена со видео спот, наменета за целиот регионален маркет.

Денеска во 19 часот, на својот официјален јутјуб-канал Гочева го објави видеоспотот за новата песна.






Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како „Додирни ме случајно“ од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор, информираат од Авалон продукција.

Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Ријека во октомври, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.

Поврзани содржини