НОВА ПАНИКА ВО ЕВРОПА Ракета утринава влегла во просторот на Полска
Станува збор за подрачјето на Пржеводово, каде во ноември 2023 година веќе падна украинска ракета, при што загинаа двајца полски државјани.
Неидентификуван воздушен објект утрово полета во полскиот воздушен простор од правецот на Украина, според официјалната страница на Оперативната команда на полската армија на Икс. Полската армија објави на социјалните мрежи дека објектот бил следен со радар додека не се изгубил сигналот.
„Во утринските часови неидентификуван воздушен објект навлегол во воздушниот простор на Република Полска од страната на границата со Украина и од моментот кога ја преминал границата до исчезнувањето на сигналот бил забележан од радарите на системот за воздушна одбрана на таа земја“, според објавата на социјалната мрежа Икс.
⚡️Polish army: Unidentified object enters Poland during Russian attack on Ukraine.
The Polish army’s Operational Command said that an unidentified object had entered Poland’s airspace during a massive Russian missile attack on Ukraine on Dec. 29. Polish President Andrzej Duda…
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) December 29, 2023
Во согласност со важечките процедури, оперативниот командант на вооружените сили ги мобилизираше расположливите сили и ресурси. Медиумите јавуваат дека граѓаните наводно ја забележале ракетата.
– Добивме информација дека неидентификуван објект се појавил на радарот кај Грубјешов, а потоа исчезнал. Немаме потврда дека паднал на територијата на нашето војводство – изјави за новинарите функционерот од Лублин, Кшиштоф Коморски.
Еден од полските ТВ канали неофицијално наведува дека се работи за ракета која е видена над селото Возучин-Чукровња. Летечкиот објект кој се движел со голема брзина го забележале и жителите на општина Долгобичов.
Станува збор за подрачјето на Пржеводово, каде во ноември 2023 година веќе падна украинска ракета, при што загинаа двајца полски државјани.