НОВА НАДЕЖ ЗА ОНКОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО СРБИЈА Руската вакцина против рак ќе пристигне до крајот на годината

Доколку се потпише договор меѓу министерствата за здравство на Русија и Србија, српските пациенти би можеле да ја примат новата mRNA вакцина против рак веднаш по првите тестирања во Русија.

125

Пациентите во Србија би можеле да ја примат новата вакцина против рак развиена во Русија до крајот на 2026 година, доколку навреме се потпише договорот за соработка меѓу министерствата за здравство на двете земји.

Ова го изјави српскиот министер задолжен за меѓународна економска соработка Ненад Поповиќ, кој најави дека Србија би можела да биде меѓу првите држави каде што ќе се применува оваа нова терапија базирана на mRNA технологија.






Според него, темата била разгледувана на состанокот со рускиот министер за здравство Михаил Мурашкo во февруари 2026 година, кога се разговарало за можностите за примена на најсовремените руски терапии за лекување онколошки пациенти.

Поповиќ изјави дека руската страна планира првите пациенти во Русија да почнат да ја примаат вакцината уште оваа година. Доколку тоа се случи во мај и договорот со Србија биде брзо потпишан, тогаш првите пациенти во Србија би можеле да ја примат вакцината веќе до крајот на годината.

Тој нагласи дека не се работи само за поединечни случаи на примена на вакцината, туку за воспоставување поширока медицинска соработка меѓу двете земји.

– Целта е да се создаде систем на медицинска соработка меѓу Русија и Србија во интерес на сите граѓани на Србија – изјави Поповиќ за руската новинска агенција РИА Новости.

Според него, пред реализацијата потребно е да се потпише меѓудржавен договор, што претставува сложен процес кој се одвива во неколку фази.

Во рамки на подготовките, во првата половина од 2026 година делегација од српското Министерство за здравство, Владата и водечки медицински институции ќе ги посети руските научни центри „П.А. Херцен“ и „Н.Ф. Гамалеј“

Целта на посетата е српските експерти одблиску да се запознаат со процесите на дијагностика, лекување и производство на персонализирани mRNA вакцини против рак.

Поврзани содржини