НОВА МОДА – СУШИ ТЕРОРИЗАМ ВО ЈАПОНИЈА Младите ја плукаат храната во рестораните

Некои ресторани дури одлучија целосно да престанат да работат со подвижни ленти. Други синџири, како Кура Суши, поставиле камери и сензори на лентите за да следат ако некој ја допира или плука по храната.

334

„Суши тероризам“ е името за нова мода во Јапонија каде младите луѓе во рестораните за суши ја допираат или плукаат на храната која другите луѓе ја нарачале. Тие истовремено се снимаат правејќи го тоа за социјалните мрежи. Но, не повеќе. Јапонската полиција уапси три лица на барање на големите ресторани-синџири за суши чиј промет и акции паднале поради видеата, јавува Би-Би-Си.

Сè започна минатиот месец кога маж се сними како лиже шише од соја сос додека бил во ресторан. Шишето било ставено на подвижна лента која често ја има во рестораните за суши каде храната пристигнува како на фабричка лента. Шишето било дел од нарачката со суши за некој друг гостин.

 






Јапонија е позната по своите строги стандарди за чистота и кулинарски бонтон.

Па така, овој „суши тероризам“ не само што шокираше милиони низ целата земја, туку доведе и до пад на цените на акциите на компании како синџирот Суширо.

Некои ресторани дури одлучија целосно да престанат да работат со подвижни ленти.  Персоналот сега ќе им носи јадења на клиентите директно – и ќе дели зачини и сосови само кога тие ќе седнат на своите места.

Други синџири, како Кура Суши, поставиле камери и сензори на лентите за да следат ако некој ја допира или плука по храната.

Тројцата уапсени го признале делото, а еден од нив се извинил за своите постапки. Се работи за 21-годишник и двajца малолетници на возраст од 19 и 15 години.

Овој нехигиенски е нов проблем за рестораните во земјата кои само што излегоа од корона-кризата.

Сега повторно ќе треба да ги убедуваат клиентите дека нивната храна е чиста и безбедна.

Поврзани содржини