НОВА КУКЛЕНА ПРЕТСТАВА „Палешка“ во модерно издание

Во претставата играат: Матеа Јанковска, Марија Ѓорѓијовска, Изабела Новотни, Мартин Јорданоски, Емра Куртишова и Петар Стојанов.

1,037

Куклената претстава „Палешка“, во режија на Давор Драгојевиќ од Црна Гора, утре во 19 часот ќе биде премиерно изведена во Театарот за деца и младинци во Скопје.

Претставата „Палешка“ е ново и модерно читање на истоимената бајка од Ханс Кристијан Андерсен, во која главниот фокус е даден на мајчинската љубов и нејзината сила. Претставата допира актуелни теми во современото живеење и растење на децата, како што се различноста и прифаќањето на различноста кај себе и кај другите, соочувањето со суровоста на светот во процесот на растење и мајчинската љубов која е тука секогаш да нè заштити и спаси од сите тие опасности. Мајсторски изработените кукли водени со совршена прецизност и чувство од сите актери во екипата на сцената создаваат магија со која ќе се соживеат и децата и возрасните, велат од тимот на претставата.






Покрај режијата и драматизацијата е на Давор Драгојевиќ, додека преводот, адаптацијата и драматургијата е на Драгана Лукан Николоски.

Во претставата играат: Матеа Јанковска, Марија Ѓорѓијовска, Изабела Новотни, Мартин Јорданоски, Емра Куртишова и Петар Стојанов.

Сценографијата, костимите, дизајнот и изработката на куклите се на Кирил Василев, а композитор е Алек Родиќ.

Првата реприза на „Палешка“ е закажана за 25 декември 2021 од 19 часот.

Поврзани содржини