НОВА КНИГА ОД ЕПИСКОП ДРЕМВИТСКИ ДАВИД Промоцијата на „Насекаде“ ќе биде на 19 септември

346

Книгата „Насекаде“ од епископ Дремвитски Давид (Нинов) во издание на „Макавеј“ ќе биде промовирана на 19 септември 2024 година во Салон 19:19 почеток во 19:19 часот.

Книгата ќе ја промовираат Јанинка Невчева и Игор Радев.






Епископ Дремвитски Давид (Нинов) е роден на 27 јули 1972 година во Скопје. Пред заминувањето во манастир бил уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ и работел во редакцијата за култура на националната телевизија. Објавил четири книги поезија, добитник е на наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска поетска книга и застапуван е на повеќе јазици, во повеќе антологии поезија. Од манастирот покренува издавачка дејност и ја уредува периодиката „Успение“.

Ги објавил книгите: „Логиум (обраќања на неделни и празнични евангелски теми)“, „Кон познанието (белешки од догматиката)“, „Човекот поет (збирка на преводи)“, „Секој крај, нов почеток (статии и колумни)“, „Времетворење (колумни)“, «Τέχνη και Αποκάλυψη». „Надвор од границите (размислувања за личноста и системот)“ и „Уметност и откровение“.

Учествувал на меѓународни симпосиони и конференции. Преведува богословски текстови од грчки јазик.

Поврзани содржини