НОВА КАРТИЧКА ЗА БРЗ КЕШ Кондовски вели дека производот ги надминува стандардите на класичните кредитни картички
Промоцијата во Битола на SN VISA картичката е слика за тоа како една ФинТек компанија може со банкарскиот сектор да понуди производ кој ги надминува стандардите на класичните кредитни картички, рече бизнисменот Христо Кондовски.
Посебно ми е драго, како косопственик и член на Надзорниот одбор на СН Финансиското друштво, да го поздравам издавањето на првата SN VISA картичка во партнерство со „Силк Роад“ банката, рече бизнисменот Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола од редовите на СДСМ.
– Промоцијата во Битола на SN VISA картичката е слика за тоа како една ФинТек компанија може со банкарскиот сектор да понуди производ кој ги надминува стандардите на класичните кредитни картички. СН финасиско друштво, на чие чело е мојот драг пријател и бизнис партнер Никола Јошевски, е првата ФинTек компaнија во државата основана со домашен капитал, која за кратко време одлично се позиционираше на пазарот и изгради имиџ на брз и квалитетен сервис на полето на кредитирањето, платежните картички, издавањето гаранции и факторингот. Им честитам – рече Кондовски.