НОВА ИДНИНА ЗА ОХРИД За Пецаков овие избори се како референдум

Пецаков од Пештани порача дека во суштина гласањето на 31 октомври ќе биде и референдумско изјаснување за тоа дали, „ граѓаните сакаат да продолжи Македонија по истиот пат, или е потребно да тргне кон нова иднина со нова енергија и надеж дека Македонија може да успее“.

292

Одиме по граѓаните, тропаме по вратите, ја бараме нивната поддршка едноставно она кое што е потребно и покрај огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од 2.000 гласови, е потребно масовна излезност за навистина да дојде крајот на она зло кое надвиснало во Македонија предводено од Зоран Заев и СДСМ, истакна денеска Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на Охрид предложен од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Пецаков од Пештани порача дека во суштина гласањето на 31 октомври ќе биде и референдумско изјаснување за тоа дали, „ граѓаните сакаат да продолжи Македонија по истиот пат, или е потребно да тргне кон нова иднина со нова енергија и надеж дека Македонија може да успее“.






– Во таа цел имаме многу огромна поддршка од страна на граѓаните и се надевам дека она кое што го добивме во првиот круг и не само што се надевам, туку и убеден сум дека во вториот круг ќе имаме повеќе од двојно поголема разлика. Секако за тоа работиме. Ја гледаме атмосферата на терен и ја гледаме поддршката на граѓаните која што расте од ден на ден, и не се сомневам во тоа, рече тој посочувајќи дека Охрид, а и Македонија ќе има нова власт која што ќе знае и умее како да ги води Охрид, Македонија да ги води во вистински правец.

Поврзани содржини