Нова градба никнува на местото на урнатата дивоградба кај ТЦ „Мавровка“

Од Општина Чаир велат дека сопстевеникот има право објектот да го врати во првобитната состојба и да постави лесна конструкција, согласно Законот за градење и првично поднесениот проект.

1,155

Откако во септември лани присилно, со државна механизација, беа уранати бетонските столбови на дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, сега „никнаа“ нови дванаесет, но овојпат метални.

На место каде што се наоѓаше кафулето „Фонтана“ забележително е дека повторно се одвиваат градежни активности, но овој пат надлежните велат нема ништо спорно, објави Канал 5.






Од Општина Чаир велат дека сопстевеникот има право објектот да го врати во првобитната состојба и да постави лесна конструкција, согласно Законот за градење и првично поднесениот проект.

Од општината тврдат дека инспекторите внимателно ја следат ситуацијата, а од извршениот увид на лице место било констатирано дека објектот се враќа во базичната состојба, каков што беше пред да се појават нелегалните бетонски столбови и плоча, за кои сопственикот Мевљудин Алити доби и кривична пријава од МВР за бесправно градење. По овој случај постапува обвинителството од каде велат дека истражната постапка е во завршна фаза.

Освен за дивоградбата, во обвинителството истражува за тоа како целосно изгоре стариот објект на ова кафуле, пожар кој избувна на први мај лани среде полициски час. Но, за овој случај се уште нема разврска, бидејќи обвинителтвото не добило повратен одговор од направениот увид од страна на МВР.

Поврзани содржини