НОВА ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ЗА ЧОВЕШТВОТО Американските биолошки лаборатории растат како „печурки“ и можат да убијат многу луѓе
Американските лаборатории лоцирани низ целиот свет го загрозуваат здравјето на десетици милиони луѓе и ги кршат човековите права, изјави Патрушев за рускиот весник „Аргументи и факти“.
Американските биолошки лаборатории ширум светот претставуваат вистинска опасност за здравјето на десетици милиони луѓе, убеден е секретарот на рускиот совет за безбедност Николај Патрушев.
– Западот се грижи за човековите права, а во реалноста ги крши масовно. Американските лаборатории лоцирани низ целиот свет го загрозуваат здравјето на десетици милиони луѓе и ги кршат човековите права – изјави Патрушев за рускиот весник „Аргументи и факти“.
Тој спомена дека покрај зачувувањето на здравјето, основните човекови права вклучуваат и еднаквост пред судството, право на слобода, достоинство на личноста и други работи.
– Има несогласувања и во САД, многу луѓе се лишени од квалитетна медицинска нега и претставниците од сите раси и нации не можат да сметаат на фер одлука од судиите и полицијата – додаде Патрушев.
Тој смета дека ситуацијата е слична и во Европа. На пример, во балтичките земји, се спроведува политика на апартхејд кон жителите што зборуваат руски.
– Луѓето живеат со години без државјанство и немаат никакви права. Дискриминаторските закони за рускиот јазик и неговите говорници редовно се применуваат во соседна Украина, а Европа и САД гледаат низ прсти – изјави Патрушев.
Во интервју за рускиот весник „Комерсант“ во април годинава, Патрушев посочи дека новите американски биолошки лаборатории растат „како квасец“ во светот, особено долж границите на Русија и Кина. Има причина да се верува дека таму се прави биолошко оружје, посочи Патрушев.