НОВА ФАНТА ФИНТА НА АХМЕТИ Фингиран судир со Груби?!

Финтата која Ахмети сака да ја продаде на граѓаните и структурата е иста како во 2020 година, кога буквално во кампањата за тие избори Груби беше во хибернација, за да им создаде перцепција на гласачите Албанци дека ја примил нивната порака кои не можат да ја прифатат неговата ароганција и склоност кон корупциски скандали.

3,285

Неофицијално дознаваме дека во штабот на ДУИ паднала одлука да се создаде фингиран судир меѓу Али Ахмети и Артан Груби, за да се направи обид да се префрли се што е негативно на вториот, кој и онака не е омилен меѓу гласачите.

Проценката на стратезите на ДУИ е дека откако пропадна планот за враќање на Груевски, сега е неопходно да се направат чекори со кои на сцена ќе се вратат кадрите од времето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.






Жртвувањето на Груби и на Османи, според проценките на Ахмети, е прв неопходен потег во насока на одоброволување на Мицкоски за нивна евентуална соработка.

Дека ова сценарио веќе се спроведува во ДУИ се гледа од тоа што доскорешниот прв вицепремиер Груби го нема ниту како говорник на митинзи, го нема по медиуми, не се споменува ниту во комбинаториките за пратеничките листи.

Финтата која Ахмети сака да ја продаде на граѓаните и структурата е иста како во 2020 година, кога буквално во кампањата за тие избори Груби беше во хибернација, за да им создаде перцепција на гласачите Албанци дека ја примил нивната порака кои не можат да ја прифатат неговата ароганција и склоност кон корупциски скандали.

Дали оваа финта на Ахмети значи враќање на големата политичка сцена на кадрите како Муса Џафери и Блерим Беџети, допрва ќе видиме.

Тоа што е сигурно е дека џокерите на стариот лисец Ахмети се трошат. Еден од неговите најверни соработници од времето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, Рамиз Мерко веќе е ставен на црната листа на САД.

Нашите извори велат дека сите овие маневри се дефанзивен пристап во предизборната кампања. Внатре во структурите се создава впечаток дека највисокото раководство на ДУИ е сè повеќе свесно дека поразот е извесен и сега фокусираат на амортизација на потресот кој следи.

Поврзани содржини