📽️ 📷 НОВА ЕРА ВО ЖИВОТОТ НА ОТВОРЕНО Компанијата „Хот-Хот“ го претстави иновативниот дом НОММАД

Изградбата на дом на вашата посакувана локација никогаш не била полесна. Нашите модули не само што се луксузни, туку се и енергетски ефикасни и еколошки. Тоа значи дека можете да уживате во природа, а да не ја загрозите животната средина, велат од компанијата.

3,080

Компанијата „Хот и Хот“ пред трговскиот центар Ист гејт синоќа ја презентираше својата нова иновација НОММАД, која нуди уникатни решенија за изградба на домови во природа без комплицирани административни процедури.

Овој проект претставува одговор на потребите на современите граѓани за удобен и еколошки живот, и има за цел да понуди безброј можности за создавање идеално живеалиште.






– Изградбата на дом на вашата посакувана локација никогаш не била полесна. Нашите модули не само што се луксузни, туку се и енергетски ефикасни и еколошки. Тоа значи дека можете да уживате во природа, а да не ја загрозите животната средина – велат претставниците на компанијата.

Како што споделија пред присутните, модулите НОММАД се дизајнирани да бидат брзо инсталирани на секое слободно место. Овие самоодржливи контејнери може да се постават без комплицирани процедури, а нивниот современ дизајн совршено се вклопува во природата. Компанијата осигурува транспорт и инсталација на модулите, што значи дека клиентите можат да се фокусираат на уживањето во својот нов дом.

– Флексибилноста на нашите модули е уште една од главните предности. Ако модулот од 27 м² не е доволен, можете лесно да додадете уште еден и да добиете малку поголема викендичка. Ова е одлично решение за сите оние кои сакаат да создадат простор за семејство и за пријателите – истакнаа од компанијата.

Покрај индивидуалните клиенти, НОММАД нуди и можности за угостителски објекти, кои можат да ги зголемат своите капацитети и да понудат нови содржини за своите гости. Со минималистичкиот и софистициран дизајн, модулите се идеални за интеграција во градските и во природните средини.

– Наша цел е да помогнеме на луѓето да создадат домови што ќе бидат во согласност со современите стандарди за живеење, а притоа да ја заштитиме природата. Со НОММАД, вашиот идеален дом ве очекува – порачаа од компанијата.

Како дел од новата ера на одржливо живеење, НОММАД не само што нуди практични решенија, туку и промовира одговорен однос кон животната средина. За сите заинтересирани, оваа иновација може да биде клучот за создавање совршен дом во природа.

Компанијата „Хот и Хот“ најави дека со вакви објекти ќе гради ресорт во Охрид.

Поврзани содржини