Нова епизода Мицкоски – Кичеец: Мијалков во 2018 година дал 5.000 евра за автобуси за опозициски митинг?!

1,569

Нов дел од снимката од разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Зоран Милески Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, се појави на Јутјуб.

Во новата снимка, Милески потврдува дека и Сашо Мијалков бил еден од донаторите на ВМРО-ДПМНЕ со донации од по 5.000 евра, за покривање трошоци за автобуси. Мицкоски го наведува 2 јуни, датумот кога тој држеше говор на митинг пред владата во 2018 година.






Претходно, портали блиски до СДСМ објавија вест дека на вечерата во Боемска улица, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил во придружба на Ален Зекиров, поранешен телохранител на Сашо Мијалков, кога тој беше прв човек на УБК.

 

Поврзани содржини