📷 НОВА ЕНЕРГИЈА НА УНИКАТНОСТ! „Bitsiani“ водич за матури за 2024 година

Нема простор за здодевност на матурската забава, па дури и кога се работи за изгледот. Лежерната елегантност која се содржи во кројот овозможува удобност и лесни движења во вечерта кога треба навистина да доминираат, велат од „Fashion Group“.

87

„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога – „Bitsiani“!

Познатиот бренд оваа пролет има нова колекција подготвена со идеја момците да ја сменат „играта“. Како? Да одберат нешто поинакво, свежо и светски!






– „Bitsiani“ водичот за оваа матурска сезона вели дека боите се тренд број еден. Од сини до пастелно розови комбинации, во нив се инкорпорирани младешката енергија, смелост и живот! Нема простор за здодевност на матурската забава, па дури и кога се работи за изгледот. Лежерната елегантност која се содржи во кројот овозможува удобност и лесни движења во вечерта кога треба навистина да доминираат – велат од „Fashion Group“.

Оттаму додаваат дека за момците кои сакаат нешто уште похрабро – одела со принт или уште повеќе – принт + боја. Одличен начин да се спои новото со класичното. Да се привлече внимание, но со вистинската доза на стил и уникатност. Супер избор за оние кои уживаат да привлекуваат погледи.

„Не ги забораваме ниту момците кои за ваква (или било која друга) свечена пригода би ѝ дале предност на елеганцијата и безвременоста. Кога некој сака вака да изгледа, одбира црно струкирано „Bitsiani“ одело и добриот впечаток е веќе загарантиран. Секако дека овде понудата на „Bitsiani“ не завршува, но е добар вовед во она што можеш да го очекуваш оваа пролет кога ќе имаш многу причини за славење. Биди добро облечен „Bitsiani“ фраер со манири! А ако ти треба совет или сугестија како да издоминираш во оваа сезона на прослави, тимот на „Bitsiani“ е секогаш тука за да ти помогне да ја понесеш уникатноста со стил!“, информираат од „Fashion Group“.

Поврзани содржини