НОВА ДОПИНГ АФЕРА ГО ТРЕСЕ ФУДБАЛОТ Познат бразилски фудбалер доби двегодишна суспензија

Габриел Барбоса, познат како Габигол е обвинет за прекршување на процедурата и обид за измама на антидопинг тест.

218

Бразилскиот фудбалер Габриел Барбоса, познат како Габигол, се соочува со двегодишна забрана за мамење на антидопинг тест, што значи дека ќе паузира до пролетта 2025 година.

По судењето во понеделникот, каде што беше обвинет за прекршување на процедурата и обид за измама, беше одлучено напаѓачот на Фламенго да започне со издржување на казната на 8 април. На Барбоса му беше дозволено да се жали на оваа одлука.






За време на тестирањето, бразилскиот ас се однесувал непрофесионално, ги игнорирал службениците на антидопинг агенцијата и не ги почитувал пропишаните процедури.

Обидот за мамење за време на тестот беше основа за суспензија од четири години, но на крајот тој беше осуден на двегодишна казна.

Пресудата се заснова на сведочењето на биохемичар кој го објаснил процесот на антидопинг тестирање, нагласувајќи дека гестот на Барбоса бил оценет како измама или обид за измама.

Оваа суспензија ќе го оддалечи од терените во екот на кариерата. Габигол, чиј успех во Фламенго е исклучителен од 2020 година, ќе мора да почека до 2025 година за повторно да се врати на терените.

 

Поврзани содржини