НОВА ДИРЕКТНА АВИОНСКА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-АМСТЕРДАМ Ќе патуваме со нискобуџетната компанија „Трансавија“
На релацијата Скопје-Амстердам, „Трансавија“ ќе сообраќа двапати неделно почнувајќи од 2 март.
Нискобуџетната компанија „Трансавија“ од март следната година ќе започне со летови Амстердам-Скопје, објави денеска порталот „Екс ју авиејшн“.
На релацијата Скопје-Амстердам, „Трансавија“ ќе сообраќа двапати неделно почнувајќи од 2 март.
Тоа ќе биде прво поврзување на аеродромот „Схипхол“ и македонскиот главен град со редовен авиопревоз од септември 2008 година.