Нова црна бројка на починати – 46, новозаболени 433 лица

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.002, бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати е 4.818, а бројот на активни случаи изнесува 15.013.

761

Во последните 24 часа се направени 2.453 тестирања, а регистрирани се 433 нови случаи на ковид-19. Пријавени се вкупно 46 починати лица и оздравени се 641 пациент, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 174, Куманово 39, Битола 34, Охрид 24, Струга и Кичево по 16, Прилеп, Велес и Струмица  по 15, Штип  11, Тетово и Кочани по 9, Гевгелија и Виница  по 8, Кавадарци  7, Гостивар  6, Неготино  5, Свети Николе  4, Делчево и Крушево  по 3, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод  по 2, Крива Паланка и Ресен  по 1.






Регистрирани се 641 оздравен пациент од: Скопје 298, Битола  59, Прилеп  46, Струмица  44, Кавадарци  23, Штип  21, Кочани  20, Тетово и Гостивар  по 19, Охрид  13, Кичево 11, Неготино 10, Ресен  9, Радовиш  8, Крива Паланка  7, Виница  6, Велес и Валандово  по 5, Струга  4, Куманово и Делчево по 3, Берово и Пробиштип  по 2, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица  по 1.

Пријавени се вкупно 46 починати лица: 15 од Скопје (54, 54 , 54, 55, 64, 66, 69г, 69, 71, 71, 72, 75, 76, 80 и 82), по 3 лица од Битола (63, 66 и 73), Штип (55, 71 и 77), Кочани (5г, 82 и 82) и Велес (65, 66 и 81), по 2 лица од Прилеп (66 и 85), Струмица (78 и 79), Гостивар (59 и 72), Неготино (79 и 86) и Куманово (59 и 92), и по едно починато лице од Кавадарци (80), Тетово (77), Охрид (69), Ресен (93), Радовиш (56), Берово (55), Демир Хисар (70), Македонски Брод (73) и Гевгелија (69). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 45 се починати во болнички услови.

Направени се 2.453 тестови преку: ИЈЗ 377, ЦЈЗ Скопје 63, ЦЈЗ Битола 89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби  0, Судска медицина  11, лабораторија болница Козле 10, УК Пулмологија со алергологија 9, ГОБ „8-ми Септември“ 8, Институт за микробиологија  75, МАНУ -85, Жан Митрев  166, Авицена 264, Биотек  250, Систина  161, лабораторија Лаор 101, Синлаб  44, Ремедика 29, Плодност  29, Генеа  13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)  вкупно 669.

Досега во земјата се направени вкупно 718.626 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.002, бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати е 4.818, а бројот на активни случаи изнесува 15.013.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 67.145, активни 6.743, Куманово 8.500, активни 1.104, Прилеп 8.157, активни 691, Тетово 7.083, активни 553, Битола 6.129, активни 974, Велес 5.387, активни 551, Гостивар 5.112, активни 372, Кавадарци 5.097, активни 353, Штип 4.882, активни 384, Охрид 4.898, активни 467, Струмица 3.990, активни 503, Струга 2.936, активни 158, Кочани 2.718, активни 253, Кичево 2.461, активни 267, Гевгелија 2.176, активни 260, Неготино 2.152, активни 178, Свети Николе 1.479, активни 116, Крива Паланка 1.206, активни 58, Ресен 1.203, активни 191, Радовиш 1.086, активни 99, Берово 1.012, активни 62, Делчево 950, активни 89, Дебар 928, активни 39, Виница 808, активни 120, Пробиштип 771, активни 32, Валандово 660, активни 67, Богданци 488, активни 63, Крушево 479, активни 99, Демир Капија 394, активни 25, Демир Хисар 387, активни 67, Кратово 352, активни 9, Македонски Брод 354, активни 22, Пехчево 261, активни 21, Македонска Каменица 229, активни 13, Дојран 132, активни 10.

 

Поврзани содржини