НОВА КУКЛА СО ЛИКОТ НА ВЕНУС ВИЛИЈАМС Барби од колекцијата „Инспиративни жени“ во чест на триумфот на тенисерката на Вимблдон

По „Role Model“ куклата од 2024, легендарната тенисерка сега ќе добие уште една Барбика со нејзиниот лик како дел од серијата Inspiring Women, во чест на нејзиниот историски триумф на Вимблдон 2007, кога стана првата жена што добила еднаква парична награда со машките тенисери на турнирот.

64

Легендарната американска тенисерка Венус Вилијамс повторно се најде во светот на Барби, овојпат како дел од серијата Inspiring Women на Mattel.

Новата кукла, која ќе биде пуштена во продажба на 15 август 2025 година, е инспирирана од еден од најважните моменти во нејзината кариера – триумфот на Вимблдон во 2007 година, кога стана првата жена што добила еднаква парична награда со машките тенисери на турнирот.






Куклата на Вилијамс ќе ја слави тениската легенда и шампионка за рамноправност во платите и ќе ја носи униформата што ја носеше Венус кога го освои Вимблдон во 2007 година.

Куклата ја прикажува Вилијамс во препознатливиот бел спортски фустан, со тениски рекет во рака, оддавајќи ѝ почит на нејзините спортски успеси, но и на нејзината улога во борбата за родова еднаквост во спортот.

Ова не е првпат Вилијамс да добие Барби во своја чест. Во мај 2024 година, таа беше дел од специјалната серија Role Model, во која девет познати спортистки добија свои кукли по повод 65-годишнината на брендот.

Со ова ново издание, Mattel уште еднаш ја нагласува инспиративната приказна на Венус – жена која го промени тенисот, но и општествените стандарди, станувајќи симбол на упорност и еднаквост.

Поврзани содржини