НОВА АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ – САРАЕВО Авионите на грчки „Ејџиан ерлајнс“ ќе летаат трипати неделно

До крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19.00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20.10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20.50 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Скопје во 21.50 часот.

130

Профункционира новата авиолинија Скопје – Сараево, што ќе ја опслужува трипати неделно (понеделник, среда и петок) грчката национална авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“.

До крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19.00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20.10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20.50 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Скопје во 21.50 часот.






Сличен распоред ќе биде понуден и во текот на зимата 2023/2024.

 

 

 

Поврзани содржини