Нова аудио бомба со шокантни тврдења на лик од Битола: Вице и Трајче Заеви даваат зелени светла и делат црвени картони?!

9,051

Во нова аудио-бомба, објавена на Јутјуб, која ја пренесуваат опозициските портали, се изнесуваат шокантни наводи за Вице и Трајче Заеви, како и за луѓе од нивното опкружување, од контроверзен лик за кој се тврди дека е извесен Горан Димовски од Битола со прекар Тушникот.

Медиумите кои ја пренесуваат „бомбата“ тврдат дека Тушникот води разговор со Стојче Чифлигароски, сопственик на „СВ Инвест“, фирма која се доведуваше во врска со Вице Заев и која е една од фирмите која добива тендери во РЕК „Битола“.






Во аудио-снимката Тушникот се фали дека добил зелено светло од извесен Рашо, за кого се тврди дека најверојатно е Радиша Бојовиќ, зет на Зоран Заев, а ќе остварел и средба со братот на Зоран, Вице Заев, за да се запали автомобил на човек од Битола, извесен Чаки, затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ и многу ја претерал.

Во снимката Тушникот раскажува дека во Струмица заработил 30-40 илјади евра преку некој адвокат за вадење на човек од притвор, за што добил златен часовник како награда. Се спомнува и бизнисот со канабис.

Тушникот бара поддршка од Чифлигароски, за да не му бара на Вице Заев. „А друго е кога ќе дојдат изборите, нека тепат, е тогаш друго ќе барам“, најавува ликот од Битола. Чифлигроски му ветува брза исплата, а Тушникот бара и една кола без документи, која ќе му затреба.

Поврзани содржини