Нова атракција во Скопје: Подготвени се диносаурусите за Зоолошката градина (ВИДЕО)

Изградбата на Дино-паркот почна лани во октомври, а сега се гледа дека фигурите на диносаурусите се подготвени да пристигнат во Зоолошката во Скопје.

1,124

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со објавата на „Фејсбук“ ги подгреа страстите кај вљубениците во диносауруси, и преку неколку видеа покажа како ќе изгледаат диносаурусите што треба да бидат сместени во Дино-паркот во ЗОО Скопје.

– Последна проверка пред монтажа – напиша Шилегов.






Изградбата на Дино-паркот почна лани во октомври, а сега се гледа дека фигурите на диносаурусите се подготвени да пристигнат во Зоолошката во Скопје.

Како што најавија од Градот тогаш Дино-паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци.

За изградбата на паркот се предвидени околу 20 милиони денари распоредени во две буџетски години , а отворањето е планирано за следната година.

Влезницата за паркот беше најавено дека ќе чини 50 денари.

Поврзани содржини