НОВА АНТИРУСКА КОАЛИЦИЈА Европа веќе купува оружје, „Патриотите“ тргнуваат за Киев

Европа се мобилизира зад Трамп: Данска, Шведска и Холандија се приклучуваат на програмата за масовна набавка на оружје за Украина, додека Кремљ добива 50 дена да ја запре агресијата или ќе следат нови санкции.

862

Данска, Шведска и Холандија денеска потврдија дека ќе се приклучат на новата иницијатива за купување оружје за Украина, според планот објавен од американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера му даде 50-дневен ултиматум на Кремљ да ја прекине агресијата или да се соочи со нов бран економски санкции.

Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави дека земјата е „апсолутно подготвена“ да даде финансиски придонес, додека неговите колеги – Каспар Велдкамп од Холандија и Пол Јонсон од Шведска – изразија подготвеност да учествуваат во испорака на оружје преку програмата која НАТО ја координира со Вашингтон.






Станува збор за нова воена програма договорена помеѓу Трамп и новоименуваниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, според која европските членки ќе купуваат оружје во вредност од милијарди долари од САД, вклучително и системи за воздушна одбрана „Патриот“, со цел тие директно да се испратат во Украина.

– Ова е јасна порака до Кремљ. Европа ќе делува заедно – порача Руте од Брисел, нагласувајќи дека Канада, Финска, Норвешка и Обединетото Кралство се исто така во кругот на земји кои размислуваат да се приклучат.

Германија, како најголема економија во Европа, веќе понуди набавка на два „Патриот“ системи, што ја става во центарот на европската поддршка за Киев.

Поврзани содржини