НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА, НОВИ МОЖНОСТИ Хајделберг факултет ги подготвува студентите за меѓународен успех
Новиот академски почеток во Скопје според германски стандарди: студии со платена пракса, наставa на англиски јазик и двојна диплома призната во цела Европа.
Со почетокот на новата академска година, Хајделберг факултетот во Скопје ги пречека своите нови студенти кои ги направија првите чекори во високото образование според германски модел на настава. Бруцошите ја започнаа својата академска приказна, а во следните три години ги очекуваат бројни предизвици, искуства и академски успеси.
Наставата започна со динамичен и интерактивен пристап, кој е препознатлив за оваа високообразовна установа. Студентите се запознаа со основите на студиската програма што ги подготвува за реалниот пазар на труд, преку германски стандарди, платена пракса и можност за стекнување двојна диплома што им овозможува професионален развој и во земјава и во европските држави.
– Нашата мисија е да им овозможиме на студентите образование според највисоки европски стандарди, но тука, дома, во Скопје. Со тоа младите не мора да заминуваат од државата за да добијат германски квалитет на образование – изјавија од Хајделберг факултетот.
Во првиот семестар студентите ќе ги изучуваат предметите: „Основи на бизнис администрација / Бизнис симулација и микроекономија“, „Математика и податоци (Дигитална писменост)”, како и „Вештини за личен развој и научно истражување“. Наставата се одвива на англиски јазик, а академскиот кадар го сочинуваат професори со долгогодишно искуство во европскиот универзитетски систем.
Истовремено, факултетот ја започна постапката за склучување договори со компании каде студентите ќе ја реализираат практичната настава, која е клучен дел од моделот на двојно образование, комбинација на академско знаење и практично искуство.
– Практичната компонента е една од нашите најголеми предности. Нашите студенти уште за време на студиите стекнуваат реално работно искуство во компании што се дел од деловната заедница во Македонија – додадоа од факултетот.
Рокот за уписи во првата академска година заврши денес, а од Хајделберг информираат дека интересот за студирање расте благодарение на иновативниот концепт и германскиот квалитет на образование во македонски контекст.
Пристапот што го нуди факултетот им овозможува на младите во Македонија да стекнат современо, европско образование без да ја напуштат земјата, при што по дипломирањето веќе имаат работно искуство и двојна диплома, македонска и германска, призната во сите држави на Европската Унија.
– Горди сме што сме првиот факултет што го носи овој германски модел на студирање во Македонија. Нашите студенти веќе се подготвуваат за европскиот пазар на труд, со знаење, вештини и искуство што ги издвојуваат – истакнаа од Хајделберг.