НОВ ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 5,6 СТЕПЕНИ ВО ТУРКИЈЕ Бројката на загинати се искачи на 4.365 луѓе

Најмалку 5.606 згради се урнаа во земјотресот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

1,232

 Нов земјотрес со интензитет од 5,6 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска централна Туркије, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот бил на длабочина од 2 километра.

Според најновите информации, над 4.300 луѓе загинале во вчерашниот разорен земјотрес во Туркије и во Сирија.
Бројот на загинати во Туркије од силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтер се искачи на 2.921, објави деенска  тамошната агенција за помош АФАД.






Бројот  на загинати во Турција и соседна Сирија се искачи на  4.365, по земјотресот што се смета за најсилниот што го погодил регионот во изминатите речиси 100 години.

Најмалку 5.606 згради се урнаа во земјотресот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби. Вкупно 19.574 спасувачки персонал работат во областа на земјотресот за да ги санираат последиците, се вели во соопштение.

Поврзани содржини