Нов силен земјотрес го погоди подрачјето на округот Сисак-Мославина во Хрватска.
Според првите податоци силата на потресот е 4,6 степени по Рихтер, а епицентарот е на 20 километри од Перњиа.
„Петриња, целата куќа се тресеше. Долго траеше“, „Се се тресеше“, „Силно се почувствува“, се само некои од коментарите на корисниците на ЕМСЦ, пренесува Јутарњи лист.
Земјотресот се почувствува и на подрачјето на Загреб.