Нов земјотрес од 5 степени го погоди Петриња, траел цели 10 секунди

Во земјотресот од 6,2 Рихтерови степени, кој го погоди регионот минатата недела, загинаа седум лица, а околу 9 илјади објекти беа уништени.

825

Попладнево околу 18 часот земјотрес со интензитет од 5 рихтерови степени го погодил регионот на Петриње, 45 километри југоистично од Загреб, кој беше погоден од силен земјотрес минатата недела, објави ХТВ.

Нема информации за евентуални жртви и повредени во новиот потрес, кој траел околу 10 секунди и се почувстувал и во Босна и Херцеговина. Првично медиумите објавија дека јачина на потресот бил 5,5 степени, но потоа се коригираа.






Во земјотресот од 6,2 Рихтерови степени, кој го погоди регионот минатата недела, загинаа седум лица, а околу 9 илјади објекти беа уништени.

Поврзани содржини