НОВ ЗЕМЈОТРЕС ГИ ВОЗНЕМИРИ ОХРИЃАНИ Нема информации за направена штета
Епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5.
Нов земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00.48 часот во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, беа регистрирани и вчера изутрина во Охридскиот регион.
Најсилниот беше почувствуван во 4. 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени.