Нов Зеланд си има свој „волшебник“ – еве колку заработува, а сега бара наследник ВИДЕО

ас од никаде го измислив волшебникот. Немаше волшебници кога дојдов на светот, освен во книгите. Секој ден светот станува посериозен, па забавата моментално е најмоќна работа на светот - порачува Јан.

435

Доколку прошетате низ еден од најголемите градови на Нов Зеланд , Крајстчрч, голема е веројатноста дека ќе сретнете волшебник со долга врна намерка и шилест шешир. Токму тој човек е платен 10.000 долари годишно од градот за да биде тоа што е – градски волшебник.

Станува збор за Јан Бракенбери Чанел, родел во Велика Британија, а во Нов Зеланд се преселил во 70-тите кога станал познат како – Волшебникот.






Како што пишува Си-Ен-Ен, во текот на годините тој стала дел од службата на градот, а на плоштадот пред катедралата во Крајстчрч тој ги кажува животните теории, носи волшебничка облека и на годишно ниво заработува 16.000 новозеландски долари, или околу 10.400 американски долари.

Сега, на 87 годишна возраст, волшебникот минува помалку време во јавноста. Сè што сака е да пронајде свој наследник, а изгледа дека тоа би можел да биде 39-годишниот Ари Фримен.

Инаку, Јан како млад бил офицер на Кралското воено воздухопловство во Канада и предавал англиска книжевност на Универзитетот во Техеран. Но, кога со сопругата се преселил во Австралија, очигледно ја пронашол улогата на која сака да се посвети целиот живот – волшебник.

По завршувањето на студиите по социологија и психологија, Јан работел како организатор и предавач на факултети, каде всушност го започнал тоа што го нарекува „забавна револуција”, со цел во светот да внесе љубов и логика, а универзитетите ги претворил во „театари на апсурдот”.

– Јас од никаде го измислив волшебникот. Немаше волшебници кога дојдов на светот, освен во книгите. Секој ден светот станува посериозен, па забавата моментално е најмоќна работа на светот – порачува Јан.

Поврзани содржини