Нов Зеланд размислува за дополнителен одмор за да живне туризмот

203

Владата на Нов Зеланд ја разгледува можноста за тоа да воведе дополнителен одмор, со цел да го зајакне домашниот туризам.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, изјави дека тоа е една од идеите што потенцијално може да ѝ помогне на економијата во земјата.






Туризмот е главниот сектор на економијата на Нов Зеланд, а странските туристи во моментов не доаѓаат во земјата поради пандемијата на новиот коронавирс, па секоторот е во тешка позиција.

– Мојата порака до граѓаните е да дојдат и да го истражат сопствениот двор, да се запознаат со културата и гостопримството на Маорите – изјави Ардерн.

Нов Зеланд ги олабави рестриктивните мерки во последните неколку седмици. Владата на Нов Зеланд, што воведе еден од најстрогите карантини во светот, соопшти дека вирусот е елиминиран во земјата.

Поврзани содржини