НОВ УДАР ЗА ГЕРМАНСКАТА АВТО-ИНДУСТРИЈА Забележан е голем пад на нарачките
Значителен пад на нарачките е забележан и во секторот за производство на електрична опрема, каде што нарачките се намалија за 16,3%, додека машинската индустрија забележа пад од 7,4%.
Новите нарачки на германската автомобилската индустрија во април се намалени за 5,3% во споредба со претходниот месец, покажуваат податоците на германскиот Федерален завод за статистика (Дестатис).
Ова, според Дестатис, има најголемо негативно влијание врз вкупниот пад на фабричките нарачки кои според прелиминарните податоци се намалија за 3,8% во април.
„Ова е пресврт во споредба со март, кога нарачките се зголемија за ревидирани 4,5%“, се наведува во соопштението.
Значителен пад на нарачките е забележан и во секторот за производство на електрична опрема, каде што нарачките се намалија за 16,3%, додека машинската индустрија забележа пад од 7,4%.
Нарачките од странство се намалија за 4,2% на месечно ниво, а домашните нарачки од Германија за 2,9%.
На квартална основа, во периодот од февруари до април, нарачките беа за 3,1% пониски во однос на претходните три месеци, се додава во соопштението на веб-страницата на Destatis.
И покрај послабите нарачки, прометот на германската преработувачка индустрија малку се зголеми.
Реалниот промет во април беше за 0,1% поголем во однос на март, додека беше забележан годишен раст од 0,6%.