НОВ УДАР ВРЗ ЏЕБОТ НА СКОПЈАНИ Скопски „Водовод“ побара, РКЕ одобри зголемување на цената на водата

Скопски „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за енергетика со кое бара зголемување на цената на водата од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво.

224

Скопјани веќе од следниот месец ќе пијат поскапа вода, откако РКЕ донесе одлука по барање на ЈП „Водовод и канализација“ за зголемување на цената, која од предвидените 23,14 денари просечна тарифа по метар кубен ќе порасне на 26,36 денари.

Скопски „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за енергетика со кое бара зголемување на цената на водата од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво.






Од РКЕ по направените анализи дале предлог со кој зголемувањето во крајните сметки на граѓаните би било за седум денари, но, како што посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, конечната одлука ја носи Советот на општината.

– РКЕ не носи конечна одлука за цена на водата. Советите во општините ги носат конечните одлуки. Јавните комунални претпријатија поднесуваат барање за одредување на цена до РКЕ, а ние им даваме минимална и максимална цена како опција. Овие предлог цени се врзани со трошоците, односно инвестициите во мрежата за да нема дефекти и да се модернизира. Која цена ќе биде на сила, одлучува Советот на општината – вели претседателот Бислимоски.

Фактите, додава тој, покажуваат дека на национално ниво 60 проценти имаме загуба на водата што значи дека губиме непроценливо богатство поради отсуство на инвестиции.

– Советите отчетно и транспарентно да им објаснат на граѓаните каде се инвестира секој денар. РКЕ останува на ставот во целост да го преземе регулирањето во делот со цени на води за да се зголемат инвестициите, подобри услугата и да се регулираат вработувањата согласно потребите – наведува Бислимоски.

Поврзани содржини