НОВ ТРЕНД ВО КИНА Родителите им ставаат кациги на бебињата за да им ја обликуваат главата
„Мислам дека носењето кацига ја има истата функција како и носењето протеза, а тоа е да се поправи дел од телото и да се направи поубав“, рекла една мајка која се пофалила дека „чудотворниот“ шлем помогнал да се „корегира“ обликот на главата на нејзиното бебе.
Најновиот тренд кај родителите во Кина е ставањето шлемови на главите на бебињата, што наводно ќе помогне за нивните глави да добијат тркалезна форма.
Трендот започнал во октомври минатата година, кога родителите почнале да ги купуваат шлемовите кои наликуваат на топчиња за куглање, а се наменети за бебиња на кои задниот дел од главите им е рамен.
Бебињата мора да носат кацига неколку часа, а родителите веруваат дека на тој начин нивниот череп ќе добие правилна, тркалезна форма.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.