Нов тренд: Тетоважите инспирирани од вирусот ковид-19 стануваат сè попопуларни (ФОТО)

Иако можеби на прв поглед изгледаат депресивни и мрачни, овие тетоважи можат да бидат исклучително креативни и полни со здрав хумор.

476

Сите брзаме да оваа бурна 2020 година да ја доведеме до крај и што побрзо да заборавиме на сè што се случи во претходните неколку месеци. Сепак, научивме важни лекции – да се грижиме за сопственото и за здравјето на другите луѓе, а некои дури и дојдоа до идеја да го украсат своето тело со тетоважа што ќе ги потсети на овој период.

 






Затоа тетоважите инспирирани од вирусот ковид-19 станаа последниот тренд во светот во изминатите неколку месеци.

Иако можеби на прв поглед изгледаат депресивни и мрачни, овие тетоважи можат да бидат исклучително креативни и полни со здрав хумор.

 

Меѓу најпопуларните цртежи се оние на кои луѓето сакаат да изразат благодарност до медицинските работници кои покажаа голема храброст и пожртвуваност за време на пандемијата.

 

Постојат и такви кои покажуваат заштитни маски за лице во различни контексти, понекогаш смешни, а многу од нив се однесуваат на миење раце, што најмногу ни беше препорачано за време на пандемијата, како една од мерките за заштита.

 

 

View this post on Instagram

 

Just a quick little jammer about how we all feel about 2020 Thank for looking! For appointments email [email protected] . . . . . . .

A post shared by Eddy Pierce (@eddypiercehi) on

Похрабрите решија да го „украсат“ своето тело со тоалетна хартија како еден од главните симболи на пандемијата, со оглед на количините во кои луѓето ја купуваа.

 

– Веројатно ќе сториме многу повеќе во следните неколку месеци, дури и откако работите ќе се вратат во нормална форма. Во моментот, сè е прилично свежо и никој навистина не знае на кој пат ќе оди оваа пандемија – објаснува сопственикот на студиото за тетовирање, Џош Јанг, кој додава дека дури направил натписи на кожа, како што е: „Го преживеав ковид-19“.

Поврзани содржини