НОВ ТРЕНД МЕЃУ МЛАДИТЕ КИНЕЗИ Плаќаат за да седат во канцеларија и да глумат дека работат

Компаниите  наречени „Компанија за преправање дека работиш“, „Компанија за глума“ сега никнуваат во големи градови како Шангај, Шенжен, Нанџинг, Вухан и Ченгду.

1,509

Сè повеќе невработени млади луѓе во Кина им плаќаат на компании за да можат да седат во канцеларија и да се преправаат дека работат. За некои од нив, тоа е подобра опција отколку да не прават ништо дома, дури и ако мора да платат за да „работат“, но за други тоа е потребно за да докажат практична работа.

Компаниите  наречени „Компанија за преправање дека работиш“, „Компанија за глума“ сега никнуваат во големи градови како Шангај, Шенжен, Нанџинг, Вухан и Ченгду. Цената за „вработување“ кај нив се движи од 30 до 50 јуани (од 3,60 евра па нагоре) дневно, а понекогаш вклучува ручек и ужина.






Некои од младите кои плаќаат за да седат на работа навистина бараат работа таму или започнуваат мали проекти, додека други едноставно се дружат, разговараат, се шегуваат или излегуваат на вечера заедно.

Сопственикот на „Преправај се дека работиш“ во Донггуан, 30-годишниот Феију (псевдоним), за Би-би-си  вели дека всушност им продава на клиентите „достоинство да не бидат бескорисни“. Тој самиот бил невработен откако морал да ја затвори својата продавница поради пандемијата.

Четириесет проценти од неговите „клиенти“ се новодипломирани студенти на кои им е потребен доказ за пракса за колеџ, додека останатите се претежно хонорарни преведувачи, дигитални номади и онлајн писатели.

Просечната возраст на корисниците е околу 30 години.

Феију признава дека бизнисот можеби нема да биде профитабилен за него на долг рок, но тој го гледа како социјален експеримент.

– Ако му помогнеме на некого да создаде вистински почеток од лажно работно место, тогаш проектот успеал-  вели тој.

Поврзани содржини