НОВ ТЕСТ ЌЕ ОТКРИВА ДАЛИ ИМА КОРОНА ВО ВОЗДУХОТ Поверодостоен е и дава можност да се следи пандемијата (ФОТО)

За да се уверат дека резултатите се веродостојни, научниците од Технолошкиот Универзитет во градот Нанјанг ги споредиле резултатите со оние од земените брисови за тестирање за корона во две локални болници.

1,184

Нов тест кој ќе кажува дали во воздухот во просторијата во која престојуваме има честици од коронавирус измислија научниците од Сингапур, во обид да се справат со рекордниот број новозаболени во земјата, пишува Нет. Примероците од воздухот го откриваат вирусот подобро од површинските брисови на ПЦР или антигенскиот тест, а ќе служат за „рано предупредување“.

 






За да се уверат дека резултатите се веродостојни, научниците од Технолошкиот Универзитет во градот Нанјанг ги споредиле резултатите со оние од земените брисови за тестирање во две локални болници. Според Ирван Лухунг, коавтор на студијата, резултатите покажале „разновидност и чувствителност на земање примероци од воздух за следење на САРС-КоВ-2 во болнички средини, нешто што претходно не се сметаше за можно поради силната вентилација на болничките одделенија“.

Сингапурското Министерство за здравство објави рекорден број случаи во последните денови, со дневен број на жртви од околу 3.500 оваа недела и девет смртни случаи во вторникот, најмногу во еден ден.

Според научниците, ова брзо ширење на вирусот „ја нагласува потребата за брза идентификација на присуството на САРС-КоВ-2 во околината“.

Поврзани содржини