Нов судир на полицијата и протестантите во Барселона (ВИДЕО)

Демонстрантите воглавно облечени во темна облека маршираа од центарот на Барселона до седиштето на Националната полиција, каде врз зградата фрлаа камења, шишиња, отпад и петарди, на што возврати полицијата.

206

Протестите во Барселона во знак на поддршка на шпанскиот рапер Пабло Хасел, кој е обвинет за навреда на монархијата и величење на тероризмот, продолжија и синоќа, шеста ноќ по ред.

Како и претходните денови, вчера во Барселона почнаа мирни протести, а уметниците нацртаа мурал со кој го го критикуваа шпанскиот крал Филипе Шести и неговиот татко, поранешниот шпански крал Хуан Карлос и искажаа солидарност со Хасел.






Демонстрантите воглавно облечени во темна облека маршираа од центарот на Барселона до седиштето на Националната полиција, каде врз зградата фрлаа камења, шишиња, отпад и петарди, на што возврати полицијата.

Продавниците во центарот на Барселона повторно беа мета на вандалите.

Повеќе од сто луѓе се приведени поради судири со полицијата од 16 февруари, кога беше уапсен Хасел и испратен на издржување на деветмесечна затворска казна поради своите твитови и текстови кои ја навредуваат шпанската монархија и го величаат тероризмот.

Протести вчера имаше и во другите шпански градови, но поминаа мирно.

Поврзани содржини