НОВ СОБРАНИСКИ РЕКОРД Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше 10 часа, но беше прекината

Примената на тактиката филибастеринг не е непознаница за досегашното функционирање на македонското Собрание. Еден од попознатите случаи во примената на оваа тактика во парламентарната демократија беше и Талат Џафери, кој како пратеник на тогашната опозиција исто така дискутираше повеќе часа, читајќи поезија, а понекогаш и молчеше.

1,111

Бети Стаменковска-Трајковска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ вчера на седница на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања за избор на уставни судии, конкретно за предлогот на власта нов уставен судија да стане Љубомир Јовески, актуелен јавен обвинител, дискутираше 10 часа. Таа беше прекината од претседателката на Комисијата.

Примената на тактиката филибастеринг не е непознаница за досегашното функционирање на македонското Собрание. Еден од попознатите случаи во примената на оваа тактика во парламентарната демократија беше и Талат Џафери, кој како пратеник на тогашната опозиција исто така дискутираше повеќе часа, читајќи поезија, а понекогаш и молчеше.






Ова е првпат некој активно да дискутира 10 часа.

Нејзиниот колега Драган Ковачки на својот фејсбук-профил напиша: „Поставен е рекорд. Јовевски не заслужува да биде уставен судија! Бети, секоја чест”.

Седницата на собраниската комисија заврши во еден часот утрово.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжија со долги говори на седницата на Комисијата за прашања на избори и именувања на која продолжува расправата за изборот на јавниот обвинител Љубомир Јовески за уставен судија.

Пратеничката Ели Панова од претседателката на Комисијата Марија Георгиевска побара да бидат обезбедени стенограми од претходното прдолжение на седницата. Панова ја обвини претседателката на Комисијата дека не дала никаква пауза и дека ја прекинала седницата откако пратеничката Стаменковска-Трајковска за кратко ја напуштила седницата. Според Панова, претседателката на Комисијата требала да обезбеди и вода за пратениците, но и доктор и вработени во службите. Таа побара и стенограми од говорот на претседателот на Собранието Талат Џафери од пред повеќе години кога како пратеник долго читаше поезија и молчеше на седница на собраниска Комисија за да се види, како што рече, дали нему му било дозволена пауза.

– Таа рече дека мора да излезе на две минути од салата и го остави вклучен микрофонот и вие ја завршивте седницата – рече Панова, обвинувајќи дека Георгиевска ѝ го одзела правото на говор на Бети Стаменсковска-Трајковска и побара таа да продолжи да зборува.

Седницата на Комисијата беше прекината и ќе биде дополнително закажана.

Поврзани содржини