НОВ СКОК НА ЦЕНАТА НА ГАСОТ ВО ЕВРОПА Нарачките за септември надминаа 2.900 долари за 1.000 кубни метри
Во исто време, најскапите - декемвриските фјучерси веќе надминаа 3.000 долари - достигнаа 3.017 долари за илјада кубни метри.
Цената на гасот во Европа денеска се искачи над 2.800 долари за 1.000 кубни метри, за прв пат од почетокот на март, откако „Гаспром“ најави тридневен прекин на протокот низ гасоводот Северен тек 1 кој започнува на 31 август поради работи за одржување.
Гасот за испорака во септември во холандскиот центар ТТФ е договорен по цена од 2.862 долари за 1.000 кубни метри,односно за 275,9 евра за мегават-час (MWh) по тековниот курс евро/долар, според податоците за лондонската берза ICE.
Цената на септемвриските испораки на берзата во Лондон достигна 2.928 долари за илјада кубни метри.
Во исто време, најскапите – декемвриските фјучерси веќе надминаа 3.000 долари – достигнаа 3.017 долари за илјада кубни метри.
Во петок цената на гасот имаше цена од 2.538 долари.