📽️ НОВ СКАНДАЛ ВО ЈСП Патниците нагрнаа на возачот, а тој се жали дека автобусот не може да тргне

„Ова е недозволиво! Како е можно во 21 век да се возиме во вакви автобуси? Дали некој одговорни ќе преземе нешто?“, се само дел од коментарите на граѓаните.

1,454

Проблемите со градскиот превоз во Скопје продолжуваат да ги вознемируваат граѓаните. Во ново видео кое се шири на социјалните мрежи се гледа како лути патници се расправаат со возач на автобус на ЈСП, кој им објаснува дека возилото е во неисправна состојба и дека не може да продолжи со возење.

Незадоволството на патниците поради честите дефекти на автобусите и неисправната состојба на возилата, предизвика реакции и на други граѓани кои преку коментари на видеото ја повикуваат градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП да преземат мерки за решавање на проблемот со градскиот превоз.






„Ова е недозволиво! Како е можно во 21 век да се возиме во вакви автобуси? Дали некој одговорни ќе преземе нешто?“, се само дел од коментарите на граѓаните.

Овој настан е само уште еден во низата проблеми со кои се соочуваат граѓаните кога користат јавен превоз. Честите дефекти, преполнетите автобуси и несоодветното одржување на возилата се само дел од проблемите со кои се соочуваат патниците секојдневно.

Граѓаните бараат итна интервенција од надлежните и подобрување на состојбата на градскиот превоз, како и одговорност на оние кои се виновни за оваа состојба.

Поврзани содржини